Фотографија од езеро Козјак, направена од Александар Боцески се најде во изборот за најдобра фотографија на Фуџи Филм и беше поставена како насловна фотографија една недела на нивната страна.
„Езеро Козјак – фотографирано во момент без измаглица, со голема видловост. Фуџи Филм (со чија опрема е сликано) ја постави фотографијата цела недела како насловна на нивниот официјален глобален Фејсбук профил – со назнака дека се работи за езерото Козјак во Македонија“,напиша Александар на Фејсбук.