Пингвините во скопската ЗОО се крстени по ликовите од „Пингвините од Мадагаскар“

Пингвините во скопската ЗОО се крстени по ликовите од „Пингвините од Мадагаскар“

пред 4 години

Трите пингвините што минатата недела пристигнаа во скопската Зоолошка градина, добија имиња според ликовите од популарниот анимирани филм „Пингвините од Мадагаскар“ –  Скипер, Прајват и Ковалски. Од Зоолошката градина ги прифатиле овие имиња бидејќи многу граѓани ги предложиле на нивната фејсбук фан-страница.

Трите пингвини што дојдоа во Скопје се машки. Тие се донесени од Италија, а наскоро ќе пристигнат уште седум други пингвини од Русија.

За пингвините во скопската ЗОО од поодамна е направено современо живеалиште по светски стандарди, со надворешен базен и внатрешен дел со затворен базен.

Share
Scroll to Top