Пласибо не доаѓа во Скопје, поради болест откажан концерот

Пласибо не доаѓа во Скопје, поради болест откажан концерот

пред 4 години

Авалон продукција објави дека е откажан концертот на Пласибо, кој требаше да се одржи во Скопје. После веќе еднаш откажаниот концерт кој требаше да се случи во лето 2020, поради болест на член на групата и тур-менаџер, бендот мора да ги откажат концертите во Скопје и Букурешт.
„Што да ви кажеме, освен дека ни е жал и дека се работи за состојба која како што може да видите од приложеното е вон наша контрола. Изминативе две недели сме сведоци дека ова се случува насекаде, дека и милионски стадионски концерти се откажуваат не само ден – два пред (како Ролин Стоунси поради болест на Мик Џегер) туку и на ден на концерт (како минатата недела, GnR на распродаден стадион во Гласгов“, велат од Авалон.
Иако во процес е нов датум за концертот на Пласибо, од понеделник 17јули сите оние кои имаат купено влезници, а не сакаат да го чекаат новиот датум ќе им бидат вратени парите  целост.

dobivaj vesti na viber

Share
Scroll to Top