По две години пауза 400 матуранти пак играа кадрил на плоштадот Македонија

По две години пауза 400 матуранти пак играа кадрил на плоштадот Македонија

пред 2 години

По две години пауза поради короната, матурантите од средните училишта од Скопје денеска играа кадрил на плоштадот „Македонија“.

На матурската парада учествуваа матурантите од 14 скопски училишта и тоа „Раде Јовчевски Корчагин“, „Панче Арсовски“, „Браќа Миладиновци“, „Георги Димитров“, „Д-р Панче Караѓозов“, „Васил Антевски Дрен“, „Владо Тасевски“,  „Димитар Влахов“, „Орце Николов“, „Лазар Танев“, „Шаип Јусуф“, „Јосип Броз Тито“, „Кочо Рацин“ и „Марија Кири Склодовска“.

Освен скопските матуранти, оваа година на „Матурската парада“ учествуваа и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Србија, Црна Гора, Унгарија.

Во изминатите години учениците од стотина градови од Северна Македонија, Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Италија, Романија, Словенија, Србија, Украина, Унгарија и Хрватска седум пати поставија Гинисов рекорд во истовремено синхронизирано играње ист танц – квадрил.

Вкупниот број учесници на „Матурската парада“ во изминатите години во сите градови е над 500.000 матуранти.

Share
Scroll to Top