По две маски, една василичарска , една против корона: Вевчанци не се откажуваат од карневалот

По две маски, една василичарска , една против корона: Вевчанци не се откажуваат од карневалот

пред 4 години

Градоначаникот на Општината Вевчани, Сашо Јанкоски, потврди дека годинава ќе се одржи  Вевчанскиот карневал. Вели дека  општина Вевчани се откажува од организирање на концертите на 12 и 13 јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со ковид-19, но не и од тоа да се мешаат во одлагање прославата на Свети Василија. Вели дека апелираат да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. “ Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василија онака како што сме го славеле со векови,“ изјави градоначаникот Сашо Јанкоски.

 

Од своја страна вевчанци велат дека и покрај тоа што Општината го замрзна карневалот, членовите на друштвата се подготвени да ја одржат традицијата, па затоа и годинава со овој стар обичај ќе го бркаат злото, но со сите мерки на претпазливост, носење маски, дистанца и заштитни ракавици. Овојпат нема да има одење по домовите и други собирања. Но како и досега ќе има зет и невеста, Глупав август, ѓаволи, но и многу полтички и пагански маски, а учесниците евлат дека ќе носат по  две маски, една василичарска, а друга против корона.

 

Деновиве, според изјавите на вевчанци, владее релаксирана атмосфера во општината, иако е забележано поголемо присуство на полицијата.

Вевчанци апелираат сите што ќе дојдат во Вевчани, да се придржуваат до мерките на претпазливост заради актуелната пандемија на коронавирусот.

 

Share
Scroll to Top