По објавта дека на компанијата Мета (претходно Фејсбук) која се заканува дека ќе ги затвори своите платформи Фејсбук и Инстаграм во Европа, на социјалните мрежи почнаа и дискусијата, што ќе се случи ако ги снема двете социјални мрежи.
Интересно беше да се прочитааат стотици кометари на корисиците на Инста и Фејс, а општ впечаток е дека ако нема Фејсбук ќе се врати животот во нормала, оној пред социјалните мрежи, но и хумор од типот : Таман ќе зачистиме по дома“….
Загрижени беа помладите генерации, па симпатични беа кометарите: „Што ќе правиме без лајкови, како ќе запознаваме женски, или како сега без селфи…“. Редакцијата „Репортер“ избра по нешто од корисниците на социјалните мрежи.
Во годишните финансиски извештаи на компанијата се наведува дека Мета не може да пренесува, складира и обработува податоци за своите европски корисници на сервери со седиште во САД и оти двете платформи ќе бидат затворени низ Европа.
Клучниот проблем за Мета е трансатлантскиот пренос на податоци регулиран со така наречениот „Штит за приватност“ (Privacy Shield). Тековните договори за пренос на податоци се предмет на строги контроли во ЕУ.