По операцијата, Џоли ѝ подари две зајчиња на Вивиен

По операцијата, Џоли ѝ подари две зајчиња на Вивиен

пред 4 години

Глумицата Анџелина Џоли ѝ подари две зајчиња на нејзината ќерка Вивиен, по нејзината тешка операција. Зајчето кое Вивиен го чувала од порано, починало, па Џоли се обидела да ја развесели ќерка ѝ со нови две миленичиња пренесува micky.com.au.

Џоли вели дека на овој начин таа ќе се обиде да ја намали тагата на нејзината ќерка и советува секој родител да се однесува на ист начин. Таа вели дека не сака нејзините деца да чувствуваат уште поголема тага и болка поради загинатото зајче.

„Зошто тагата да ја правиме поголема? Зошто да долеваме масло во огнот? Подобро сите родители својата енергија да ја насочат кон децата“, изјавила Џоли.

Џоли откри дека нивниот дом е преполн со домашни миленици. Тие чуваат кучиња, гуштери и змии. Магазинот „ОК“, неодамна напиша дека глумицата и нејзините деца се неодговорни кон домашните миленици.

„Во нивниот дом има голем број на животни, кои не се навикнати на живот во куќа. Кога ќе ги пуштат од нивните кафези, настанува хаос. Почнуваат да гризаат по куќата и да ја означуваат нивниата територија. Работите излегуваат од контрола, а од куќата почнува да излегува неподнослива смрдеа“, открил за магазинот извор близок до глумицата.

Share
Scroll to Top