По осум децении прва венчавка во црквата Пресвета Богородица во село Ростуше

По осум децении прва венчавка во црквата Пресвета Богородица во село Ростуше

пред 1 година

По речиси осум децении, во храмот на Пресвета Богородица во село Ростуше, се венчаа двајца млади од Скопје. Мартина и Владимир Јовевски, кој се по потекло од селото Ростуше, двегодишната љубов ја крунисаа со брак, а благослов им даде епископот Антаниски г. Партениј.

„Ова место ни даде можност да се спознаеме себеси и да ги спознаеме вистинските вредности во животот. Една од клучните работи исто така е и поддршката на владиката Партениј кој со неговото трпение и неизмерна љубов знае да ги насочи неговите духовни чеда и да го развие нивниот потенцијал, велат двајцата младенци.

 

По венчавката во Ростуше, владиката Партениј рече: „Денес станува голема радост, како за земната, така и за небесната црква, затоа што заради светата брачна заедница помеѓу Владимир и Мартина. Дај Боже овој брак да биде мотив повеќе христијански бракови во славниот крај на Мијачијата“

Храмот на Пресвета Богородица, издигнат над Радика и со поглед на Бигорскиот манастир, за кој постои запис дека постоел уште од првата половина на 15. век, беше обновен и осветен на 30 јули годинава.

(А.Г.) 

Фото: Бигорски.орг.мк

 

Share
Scroll to Top