По трагедијата во Нови Сад, Северина во објава го опиша Вучиќ

По трагедијата во Нови Сад, Северина во објава го опиша Вучиќ

пред 2 недели

Северина на свој начин ја коментираше ситуацијата во Србија по падот на настрешницата во Нови Сад, каде загинаа 14 лица.

„Најголемата настрешница во Србија“, напиша таа покрај фотографијата на српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде емотикон за кловн и песната на Балашевиќ „Живети слободно“.

Претходно таа упати порака за поддршка на настраданите од Нови Сад. „Во Нови Сад испраќам најнежни мисли, сила и љубов за сите семејства кои ги загубија своите најблиски во голема трагедија…“, порача таа преку Инстаграм.

Потсетуваме, Северина претходно изјави дека нема да дојде во Србија додека е Александар Вучиќ на власт.

Share
Scroll to Top