Погребот на кралицата ќе биде најгледан во историјата, со 4,1 милијарди гледачи

Погребот на кралицата ќе биде најгледан во историјата, со 4,1 милијарди гледачи

пред 2 години

Погребот на британската кралица Елизабета Втора се очекува да биде најгледаниот телевизиски настан во светската историја, пренесе „Дејли Мејл“. Се очекува да го гледаат повеќе од четири милијарди луѓе на планетава, или половина од светската популација на планетава.

Кралицата ќе биде погребана во Вестминстерската опатија, а настанот ќе го пренесуваат BBC One, BBC News и iPlayer, додека ITV ќе го емитува настанот во живот на својот главен канал.

Официјалните лица очекуваат половина милион посетители да ја посетат Вестминстерската сала и лично да го видат ковчегот на кралицата. Оние кои нема да можат да дојдат ќе можат да го гледаат настанот на телевизија 24 часа.

Експертите велат дека најверојатно погребот ќе го следат 4,1 милијарда гледачи и со тоа ќе биде соборен рекордот со Мухамед Али кои ги отвори Олимписките игри во Атланта во 1996 година. Настанот го следеа 3,6 милијарди луѓе.

Ако предвидувањата им се точни, погребот на кралицата ќе ги засени и другите претходни рекорди, меѓу кои и концертите на Live8 во 2005 година, прославите на Нова година во Сиднеј во 2010 година и свадбата на принцот Чарлс и Лејди Дијана.

„Толкава беше љубовта и восхитот за кралицата Елизабета низ целиот свет, што погребот ќе ѝ биде најголемиот телевизиски настан во историјата. Иако станува збор за тажен настан, сепак многумина ќе бидат воодушевени од спектаклот кој ќе се приреди. Се очекува бројка не помала од 4,1 милијарда луѓе во понеделник да сведочат на овој историски момент. Тоа значи ќе го гледаат повеќе од половина луѓе на планетата и ќе ѝ оддадат почит на Кралицата. Благодарение на технологијата, сега многумина имаат и телефони, па ќе можат настанот да го проследат на нив. Само за споредба, боксерскиот меч со Мухамед Али го гледаа 3,6 милијарди луѓе. Службата за принцезата од Велс, Дајана, пред 25 години, ја гледаа 31 милион Британци“, рече Каролина Белтрамо, ТВ аналитичар на WatchTVAbroad.com.

 

 

Share
Scroll to Top