Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган го најавија својот прв проект од нивниот мултимилионски договор со „Нетфликс“. Тие ќе учествуваат во производството на серија што ќе се занимава со натпреварувачите на спортските игри „ Invictus“ за ранети ветерани во Хаг 2022 година.
Принцот Хари ќе се појави лично во документарната серија „Heart of Invictus“, но тој ќе учествува и во нејзиното производство како извршен продуцент преку продуцентската куќа „Archewell Production“s, објави „Нетфликс“ во соопштението.
Документарната серија ќе ги прикаже приказните за спортистите и организаторите кои се подготвуваат да се натпреваруваат на „Игрите Инвиктус“, кои се одложени за следната пролет поради пандемијата на коронавирус.
Prince Harry has been a champion of the Invictus Games since its inception so it’s fitting that Archewell’s first Netflix series will spotlight and celebrate the competition’s amazing athletes.
Heart of Invictus will follow the competitors as they prepare for 2022’s games. pic.twitter.com/yM7t2qdBsw
— Netflix (@netflix) April 6, 2021
Нетфликс објави дека серијата ќе ја режира Орландо фон Ајнсидел, додека Џоана Натасегара ќе биде продуцент, а станува збор за дуо кое доби Оскар за краткиот документарец „Бела кацига“.
Игрите Инвиктус се организираат за ранетите војници кои се натпреваруваат во повеќе спортови, а ги основал самиот принц Хари во 2017 година, кој служел војска во Авганистан.