Познати личности кои не напуштија во 2024 година

Познати личности кои не напуштија во 2024 година

пред 11 месеци

Од оние со долги, наградувани кариери до оние чии животи трагично беа скратени – во 2024 година изгубивме некои значајни ѕвезди кои го обликуваа уметничкиот свет.

Бора Чорба
Пејачот почина во септември. Најпрво поради тешко воспаление на белите дробови заврши во болница во Љубљана, а потоа состојбата му се влоши и беше ставен на респиратор. Роден е на 1 август 1952 година во Чачак, Србија.

Лиам Пејн
Поп-пејачот е најпознат како член на машкиот бенд One Direction, а почина во октомври откако падна од третиот кат во хотел во Буенос Аирес. Имаше 31 година.

Доналд Сатерленд
Актерот почина летово на 88-годишна возраст. Роден е во 1935 година во Канада. Иако Сатерленд никогаш не беше номиниран за Оскар, Академијата за филмски уметности и науки му оддаде почит со статуетка на Governors Awards 2017.

О. Џеј Симпсон
Контроверзната фудбалска ѕвезда, актер и поранешен осомничен за убиство О. Џеј Симпсон – кој беше ослободен од обвинението за смртта на неговата сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман – почина на 10 април на 76-годишна возраст. Симпсон почина по битка со ракот.

Меги Смит
Меги Смит, дамата на британскиот театар, која освои два Оскари, почина на 27 септември на 89-годишна возраст. Многумина ја паметат како ментор на Хари Потер во улогата на професорката Мекгонагал и остроумната Виолет во серијата Downton Abbey.

Шенен Доерти
Актерката позната по улогите во хит сериите „Беверли Хилс 90210“ и „Волшебнички“ почина на 13 јули на 53-годишна возраст, по долга борба со ракот.

Share
Scroll to Top