Многу редок син дијамант беше продаден за повеќе од 40 милиони евра на аукција на аукциската куќа „Кристис“.
Дијамантот „Blue Royal“ во облик на круша од 17,61 карати достигна продажна цена од 43,8 милиони долари.
Тoј е „најголемиот живописен син скапоцен камен“ што некогаш се појавил на продажба во историјата на аукциите, соопшти „Кристис“, според Би-Би-Си.
Дијамантот бил во приватна колекција 50 години.
Претходно медиумите пишуваа дека „Блу ројал“ може да стане најскапиот продаден скапоцен камен во светот.