Полусестрата на Вилијам и Хари ќе добие титула

Полусестрата на Вилијам и Хари ќе добие титула

пред 4 години

Полусестрата на британските принцоти Вилијам и Хари, Лаура Боулс Паркер наскоро би можела да добие и своја кралска титула, пренесуваат британските медиуми.

Малкумина во јавноста знаат за Лаура, ќерката на Камила, која е полусетра на принцовите. Тие исто така имаат и полубрат Томи Паркер Боулс синот на Камила.

Како наближува времето кога принцот Чарлс ќе треба да седне на тронот и да стане крал, така во јавноста сè повеќе кружат гласините дека една од неговите први кралски одлуки, ќе биде да им даде титула на децата од неговиот прв брак со неговата сопруга Камила.

Иако ова засега не е службено потврдено, истите медиуми ја поврзуваат Лаура со кралската линија, преку сопругот, поранешниот модел Хари Лопес, кој е потомок на барон.

Инаку сега се во одлични односи, во периодот додека растеле, синовите на принцот Чарлс и децата на Камила Боулс Парекер, никогаш не се согласувале.

Извор близок до кралското семејство истакна дека принцот Вилијам и Лаура, непрекинато се карале околу тоа кој е виновен за нарушените односи во семејството. Вилијам за сè ја обвинил Камила, додека Лаура сметала дека виновник за целата работа е принцот Чарлс.

 

Share
Scroll to Top