Портрет на принцезата Дајана продаден за 201.600 долари, десет пати повеќе од нејзината проценка

Портрет на принцезата Дајана продаден за 201.600 долари, десет пати повеќе од нејзината проценка

пред 4 години

Портретот „Дајана, принцезата од Велс“ е продаден за 10 пати поголема цена од очекуваната, објави аукциската куќа „Сотби“, пренесува CBS News. Тие ја очекувале да ја продадат за 20.000 долари, но сепак таа била продадена за 201.600 долари.

Уметниците понекогаш користат студии за глава за да ги усовршат емоциите и перспективите на личноста што ја сликаат. Па така, оваа слика која ја насликал починатиот американски уметник Нелсон Шанкс во 1994 година, е главната студија на принцезата Дајана. Таа е создадена на почетокот на изработката на нејзиниот портрет во целосна големина.

На сликата е принцезата со полузатворени очи и замислен израз на лицето како во портрет во целосна големина, додека нејзиниот зелен фустан подоцна е сменет со бела блуза, за последниот голем проект, пишува „Сотби“. Големиот портрет што висел во палатата Кенсингтон пред да биде преместен во нејзиниот дом во Алторп, Нортемптоншир, ги отсликува емотивните последици од јавниот живот на Дајана во средината на 1990-тите, но и нејзиниот внатрешен отпор, пишува „Сотби“.

Дајана му позирала на уметникот повеќе од 35 часа. Таа им станала блиска пријателка на сликарот и неговата сопруга Леона за време на позирањето. Таа им испратила писмо во 1994, во кое напишала: „Ми недостигате вие ​​и Леон во Лондон бидејќи доаѓањето во студиото беше безбедно засолниште, полно со поддршка и љубов“. Три години подоцна, принцезата загина во сообраќајна несреќа во Париз, на 36-годишна возраст.

На Шенкс му била дадена задача да направи портрет во целосна големина на покојната принцеза од Велс во доцните 1990-ти, за што биле потребни повеќе од 35 часа позирање.

Share
Scroll to Top