Откако Лионел Меси и Аргентина ја победија Хрватска и се пласираа во финалето, во јавноста почнаа да се шират разни теории на заговор дека Светското првенство во Катар е наместено. Први кои се јавија беа Португалците кои тврдат дека аргентинскиот судија наводно ги оштетил во мечот со Мароко.
Тие сметаат дека и Аргентина добила подарок пенал на натпреварот против Хрватска. На Аргентина досега им се досудени четири пенали на 22 Светско првенство во Катар, па Португалците тврдат дека Катарците ги подготвиле Меси и неговите соиграчи за во недела го подигнат пехарот.
Теоријата на Португалците е поврзана и со клубот каде настапува Меси, Пари Сен Жермен. Францускиот шампион од 2022 година е во сопственост на компанијата „КСИ“ од Катар, која е и државен инвестициски фонд, а шеиците влегоа во клубот од Париз само една година откако Катар ја доби организацијата.
Теориите на заговор се дека членот на Извршниот комитет на УЕФА, Насер Ал Келаифи, му ја ветил светската титула на овој Мундијал и на неговата земја.
Подоцна излезе и аферата „Катаргејт“ дека организацијата за Светско е купена со француско лоби од тогашниот претседател Николас Саркози и бившиот прв човек на УЕФА, Мишел Платини, нешто што го потврди и тогашниот претседател на ФИФА Сеп Блатер.
За потсетуваење, Меси во ПСЖ дојде во 2021 година, како слободен играч од Барселона и е меѓу најплатените фудбалери. Желба да го донесе имаше и Манчестер Сити претходно за 100 милиони евра, но Барселона оваа понуда ја одби.