post-image

Посен колач со круши – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

500 мл кисела вода
300 гр шеќер
100 мл масло
100 гр мелени ореви
400 гр брашно
1 прашок за печиво
1 лажиче сода бикарбона
2 ванилин шеќер
1-2 лажици какао
400 гр исчистени и сечкани круши

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги водата, маслото, шеќерот и ванилиниот шеќер и со жица или лажица мешајте ги додека се стопи шеќерот. Додајте ги брашното, оревите, какаото, печивото и содата и измешајте ги да се изедначат. Смесата истурете ја во тава подмачкана со масло и брашно и наредете ги крушите. Печете во претходно загреана рерна на 180-200 степени 30 минути.

Share
Scroll to Top