Посна баклава со ф'стаци - Reporter.mk

Посна баклава со ф’стаци – Reporter.mk

пред 4 години

Потребни состојки:

300 грама кори за баклава
200 грама посен маргарин
350 грама мелени ф’стаци

За шербет:

300 грама шеќер
700 милилитри вода
10 грама сок од лимон
малку сок од портокал

Начин на подготовка:

Во намастана тепсија ставете две кори и премачкајте ги со растопениот посен маргарин. Врз втората кора ставете дел од измелените ф’стаци, покријте ги со две кори и премачкајте со путер. Така редете од филот и корите додека не ги потрошите сите состојки. Завршете со кора, па премачкајте ја само со маргарин и исечете на коцки. Печете во загреана рерна на 180 степени, 35 минути, а потоа зголемете ја температурата на 200 степени и печете уште 10 минути. Во меѓувреме подгответе го шербетот, па во водата додајте го сокот од лимон и варете со постојано мешање за да добиете густ сируп. На крајот додадете и малку сок од портокал. Тргнете го шербетот од оган и оставете го да остине. Испечената баклава прелијте ја со шербетот и оставете ја до следниот ден да го впие. За декорација одозгора можете да ставите уште малку мелени ф’стаци.

Share
Scroll to Top