Почина актерот Алан Аркин кој доби Оскар за филмот „Мала мис Америка“

Почина актерот Алан Аркин кој доби Оскар за филмот „Мала мис Америка“

пред 1 година

На 89 години почина американскиот актер Алан Аркин, кој доби Оскар за најдобра споредна улога за „Малата мис Америка“ во 2007. Во кариерата Аркин имаше уште три номинации за Оскар, последната за „Арго“ во 2013.

Роден e во Њујорк, а пораснат во Лос Анџелес, Аркин почнал да учи глума уште како дете, но кариерата ја почнал во музиката, како пејач и гитарист во бендот „Тариерс“.

По преселбата во Чикаго во 1960 почнал да се занимава со комедија, а актерското деби го имал на Бродвеј три години подоцна и веднаш ја освоил наградата Тони. Во Холивуд се проби со воената комедија „Русите доаѓаат“, што му ја донесе првата номинација за Оскар во 1967. Како филмски и телевизиски актер оствари повеќе од 100 улоги.

Share
Scroll to Top