Бил Расел, еден од најголемите кошаркари во светската историја, почина на 88 години. Тој е најтрофејниот НБА-кошаркар, петкратен МВП и 11-кратен шампион. Расел беше центар во Бостон селтикс од 1956 до 1969 година, создавајќи ја првата НБА династија која освои 11 титули во 13 години.
Тој исто така освои две НЦАА титули со Сан Франциско донс, и ги предводеше САД до олимписко злато во 1956 година.
Иако Расел никогаш немаше поголем просек од 19 поени по натпревар, се смета за еден од најдобрите кошаркари во историјата, посебно поради својата игра во одбраната. Со височина од 2.08 метри и дофат на рацете од 2.24 метри, тој четири пати беше најдобар скокач во НБА, а имаше и 12 сезони со над 1.000 скока.
Расел беше исто така првиот Афроамериканец кој доби статус на суперѕвезда во НБА, во втората генерација на црни играчи по Ерл Лојд, Чак Купер и Свитвотер Клифтон. Од 1966 до 1969 година тој беше и тренер на Селтикс, станувајќи првиот црн тренер во професионалниот спорт во САД.
?11x NBA Champion
?5x NBA MVP
?12x NBA All-Star
?3x All-NBA First-Team
?8x All-NBA Second-Team
?14,522 points
?21,620 rebounds
?4,100 assistsBill Russell was a legend.
Rest In Peace. pic.twitter.com/NibXd6HEJ1
— Lukas Weese (@Weesesports) July 31, 2022