Почина глумецот Горан Даничиќ - Reporter.mk

Почина глумецот Горан Даничиќ – Reporter.mk

пред 4 години

Глумецот Горан Даничиќ почина денес во Белград на 58. годишна возраст. Трагичната вест ја објавија од Југословенскиот драмски театар, од каде соопштија дека по желба на семејството тој бил погребан денес во кругот на најблиските.

Даничиќ дипломирал на глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1990 година, во класата на професорот Миленко Маричиќ и завршил како студент на генерацијата. Тој е член на Југословенскиот драмски театар од 1993 година.

Маричиќ има играно во неколку познати серии и филмови како „Ивкова слава“, „Ние не сме анѓели“, „Среќни луѓе“, „Вуковар“ и многу други. Бил добитник и на две Годишни награди од Југословенскиот театар.

Share
Scroll to Top