Американскиот телевизиски продуцент и сценарист Зак Естрин, кој беше познат како продуцент и писател на „Prison Break“ и други ТВ емисии, почина на 51-годишна возраст.
Иако причината за смртта на Естрин засега е сè уште непотврдена, според агенцијата што го застапувала, верува дека тој доживеал срцев удар додека џогирал на плажата Хермоса, Калифорнија, каде што живеел, пишува „Холивуд репортер“.
Семејството на починатиот продуцент се огласи со соопштение.
„Зак Естрин ни беше сè. Најдобриот сопруг, татко, син и пријател. Тој сакаше да ги прави среќни сите околу него. Сакаше да ги насмее сите. Сакаше да биде писател/продуцент и да биде дел од создавање серии во кои луѓето уживаа. Но, пред сè, тој ги сакаше семејството и пријателите. Ви благодариме на сите што сте дел од неговиот и нашиот живот“, се вели во соопштението.