Почина легендарниот српски тренер и поранешен фудбалер на Вардар, Милан Живадиновиќ

Почина легендарниот српски тренер и поранешен фудбалер на Вардар, Милан Живадиновиќ

пред 3 години

На 77-годишна возраст почина поранешниот југословенски селектор и фудбалер на Вардар, Милан Живадиновиќ. Тој беше тренер на Црвена звезда, Будуќност, ОФК Београд, Приштина, Раднички Ниш, Сутјеска, Рад, Нови Сад, Спартак, турскиот Сакаријаспор и во кувајтскиот Ал Шабаб.

Во 1998 година беше селектор на репрезентацијата на поранешна СР Југославија, а беше предводник и на селекциите на Ирак, Јемен, Гана и Мјанмар.

Играчката кариера ја мина во екипите на Црвена звезда, Челик, Слобода, Риека, Црвенка и германскиот Судвест, а во периодот помеѓу 1963 и 1965 го носеше дресот на Вардар.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top