Поранешниот басист на „Пилоти“, Ненад Стефановиќ – Јапанац, почина вчера на 62. годишна возраст. Стефановиќ е погребан денес, а во меѓувреме голем дел од неговите пријатели и фанови се простија на социјалните мрежи.
„Драги пријатели, минатата година ја завршивме тажно со заминувањето на Миша Алексиќ. За жал и оваа започна лошо, со заминувањето на Ненад Стефановиќ – Јапанац, нашиот пријател и колега, еден од најдобрите бас-гитаристи, не само на овие простори. Неша свиреше на нашите албуми „Са друге стране јастука“, „Продавница тајни“, „Музика на струју“ и уште на многу други песни. Свиреше на плочите и ЦД-ата на голем број наши колеги – Бијело дугме, Оливер Мандиќ. Остана голема празнина на нашето музичко небо по неговото заминување. Почивај во мир, драг Нешо. Овој свет на музика повеќе нема да биде ист без тебе. Те сакаме“, напишаа Бајага.
Ненад Стефановиќ е роден во 1959 година во Крушевац. Се има покажано како многу сигурен, прецизен, точен, оригинален и инвентивен басист, и како одличен познавач на применетата хармонија, свирејќи на гитара истовремено. Учествуваше во создавањето на над 1.000 изданија на југословенската и српската поп-рок сцена.