Почина пејачката Никол Џоси од популарното дуо Nicole & Hugo

Почина пејачката Никол Џоси од популарното дуо Nicole & Hugo

пред 2 години

Пејачката Никол Џоси, од популарното дуо Nicole & Hugo почина на 77 години. Белгиските медиуми пренесоа дека трагично починала во нејзиниот дом откако паднала по скали.

dobivaj vesti na viber

Позната и како Никол Ван Палм, многумина ја паметат од Евросонг на кој настапи и Здравко Чолиќ со песната „Гори ватра“. На сцената се појави како дел од дуото Nicole & Hugo, а песната „Baby, baby“ ја изведоа во виолетови костими.

За потсетување, со Хуго се запознале во 1970 година, а се венчале во декември следната година. Тоа беше почеток на успешно партнерство, како во приватниот живот, така и на сцената, објави Net.hr.

Share
Scroll to Top