Британскиот модел и пејач, Ник Кејмен, почина на 59 години. Според Британците, тој беше еден од најубавите мажи во земјата во 1980те.
Роден е како Ајвор Невил на 15 април 1962 година во Харлов, Есекс, Англија, а кариерата ја изгради под уметничкото име Ник Кејмен. Најпознат по сингловите „Секогаш кога ќе ми го скршиш срцето“ од 1986 и „Си ветив себеси“ од 1990 година.
Кејмен се прослави со рекламата за „Левис“ од 1985 година, кога ги соблекува фармерките и црната маица среде перална.