Познатиот хип-хоп танчер и кореограф Бруно Фалкон, познат и како Поп Н Тако, почина на 58 години. Тој починал во саботата во неговиот дом во Лонг Бич во Калифорнија од природна смрт, пренесе New York Post.
Тажната вест ја пренесе сестра му, која иако досега не е направена обдукција, верува дека брат ѝ починал од срцев удар. Познатиот танчер во 80-тите и 90-тите години од минатиот век беше една од најдобрите фигури на уличните танчерски сцени.
„Луѓето едноставно не можеа да веруваат дека Мексиканец може да танцува“, рече Бруно за магазинот, Soc!ety Dance Academy. Тој додаде дека останатите негови колеги го предизвикувале пред училиште, на забави и на средношколските свирки.
Се прослави како „Електро Рок 1“ во брејкденс хитот од 1984 година, во кој глумеше со раперот Ајс-ти. Освен по улогата во култниот филм, соработувал и со легендарниот пејач Мајкл Џексон.
Двајцата танцуваа во спотот за Smooth Criminal, а Бруно наводно го измислил легендарното антигравитациско движење. Во кариерата играл и за Џенет Џексон, Чака Кан, Лионел Ричи и други. Се појавил и во два краткометражни филмови за Џексон „Каптен EO“ во режија на оскаровецот Францис Форд Кополе во 1986 година и Moonwalker од 1988 година.
Глумел и во Breakin 2: Electric Boogaloo, а се појавил и во филмот Bill & Ted’s Lagus Journey од 1991 година со Кијану Ривс. За филмот Thumbelina Dona Blutha ги кореографирал секвенците. Веќе на социјалните мрежи од него се простија голем број пријатели и поранешни соработници.