Денеска почина режисерот и филмски и тв-монтажер Иван Чунихин. Неговите остварувања оставија траен белег на македонската видеосцена. Тој ќе остане запаметен по својата богата филмска и монтажерска кариера, особено во периодот додека работеше во МТВ на делата како „Бушава азбука“, „Микско“ и „Ана“, „Мокош“, а работеше и на реализацијата на бројни концерти, телевизиски проекти, театарски претстави.