Почина српскиот стилист и креатор Саша Видиќ кој ги облекуваше познатите во Србија

Почина српскиот стилист и креатор Саша Видиќ кој ги облекуваше познатите во Србија

пред 2 години

Познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ почина на 52-годишна возраст во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград, пренесува Пинк.

Саша Видиќ во својата долгогодишна кариера соработувал со бројни познати личности од јавната сцена – пејачи, актери, водители, спортисти, политичари.

Инаку, тој лично дизајнираше и креираше дресови за српските спортисти за Олимпијадата во Лондон, а изработил и дресови за српската фудбалска репрезентација за Светското првенство што се одржа во Русија. Тој бил основач на модниот бренд „Броз“. Соработувал со Цеца Ражнатовиќ, Сека Алексиќ, Дара Бубамара и бројни познати музички ѕвезди.

Роден е во 1971 година во селото Млака во Хрватска, извесно време живеел во Бања Лука, а потоа се преселил кај неговиот вујко во Белград, кога избегал од војната во Босна како бегалец. Кариерата ја изградил во главниот град на Србија.

Share
Scroll to Top