Почина Филип Матески - Мате, еден од првите скејтери во Македонија

Почина Филип Матески – Мате, еден од првите скејтери во Македонија

пред 4 години

Вчера почина Филип Матески – Мате, еден од пионерите на македонската скејтбординг заедница. Според инфорамциите споделени на Твитер, причината за смртта е тешкото заболување од рак.

Неговите блиски роднини и пријатели се простуваат од него преку социјалните мрежи, Фејсбук и Твитер.

„Светол пат, почивај во мир Мате. Се надевам на небото се вози скејт“, стои во една од објавите

Филип активно возеше скејт уште од раните `90ти во првата постава. Честопати ги снимаше и бодреше домашните скејтери. Беше дел од првата графити екипа BIOSQUAD со која ги разбиваа сивите ѕидови. Беше основоположник на С.К.И.Р.О.Л., видео магазин посветен на документирање на македонската скејт сцена. Еден од првите членови на сноуборд клубот ПОЛАР.

„Со еден збор – другарчина, двигател и градител на урбаната скопска сцена. Твојот придонес вечно ќе сјае“, стои во друга објава.

Share
Scroll to Top