На 86-годишна возраст почина режисерот и оскаровец Хју Хадсон. Тој беше режисер на драмата од 1981 година за двајца британски тркачи во 1920-тите.
Починал во болница во Лондон по кратко боледување.
Филмот „Огнени кочии“ беше деби на Хадсон на големото платно, со кој освои награда за најдобар филм, оригинална музика, сценарио и костимографија на 54-то доделување на Оскарите во 1982 година.
Информацијата за смртта на режисерот ја објави неговото семејство.
„Хју Хадсон (86), сакан сопруг и татко почина во болницата Чаринг Крос на 10 февруари 2023 година по кратко боледување. Тој беше најпознат по режијата на оскаровскиот филм „Огнени кочии“. Зад себе ги остави сопругата Маријам, синот Томас и првата сопруга Сју“, се наведува во соопштението.