Почина ѕвездата од Големиот брат, Моника Сиријани

Почина ѕвездата од Големиот брат, Моника Сиријани

пред 2 години





Ѕвездата од италијанското шоу „Големиот брат“, Моника Сиријани, почина на 37 години. Таа починала во бар за време на едно ноќно излегување, јавија исталијанските локални медиуми, а пренесе „Дејли Мејл“.

Извештајот покажал дека починала во петтокот кога била со пријателите во градот Сауверија Манели, во италијанската покраина Катанзаро. Веднаш била однесена во локалната болница, каде била прогласена за мртва. Моника беше дел од „Големиот брат“ во 12 сезона која се емитуваше од 2011 до 2012 година.

Родена е во Австралија, а родителите ѝ се Италијанци кои емигрирале од Калабрија пред да се роди. Сираини се вратила во Италија на неколку години кога станала полнолетна и живеела во град во северна Ломбардија, пренесе новинската агенција „Анса“.






Share
Scroll to Top