Почина Џорџ Шапиро, менаџерот и продуцент на „Сајнфилд“

Почина Џорџ Шапиро, менаџерот и продуцент на „Сајнфилд“

пред 4 години

Холивудскиот талент, менаџер и продуцент Џорџ Шапиро почина на 91 година, пренесе The New York Times. Тој беше еден од најуспешните менаџери во шоубизнисот и ги застапуваше познатите комичари како Џери Сејнфилд, Енди Кауфман и Кери Рајнер.

dobivaj vesti na viber

Тој починал од природна смрт на 26 мај во неговиот дом во Лос Анџелес. Заедно со неговиот партнер од детството, Џорџ ги продуцираше еден од најпознатите ситкоми на сите времиња, „Сејнфилд“. Покрај тоа, тој е ко-основач и на Shapiro / West & Associates.

Роден е во Њујорк, а како тинејџер летата ги минувал во Поконос, каде запознал голем број ѕвезди и менаџери. По факултетот отслужил воен рок и се вработил во агенција како помлад агент. Од почетокот на кариерата држел комедии, а по неколку години работа, сфатил дека сите големи комични емисии и продукции се селат во Холивуд, по што подоцна и тој таму ќе се пресели.

Во 1973 година одлучил да стане личен менаџер и да развива подлабоки односи со клиентите. Ја напуштил агенцијата и отворил компанија со West.

Share
Scroll to Top