Празнична честитка од Прилеп: Проданоски повика на љубов, мир и сплотеност

Празнична честитка од Прилеп: Проданоски повика на љубов, мир и сплотеност

пред 43 минути

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Велигден.

Во својата порака, Проданоски истакна дека Воскресението Христово е симбол на надежта, љубовта и новиот почеток, посакувајќи овие вредности да влезат во секој дом.

„Нека светлината на Воскресението донесе мир, љубов и радост во секој дом. За многу години и честит Велигден“, се наведува во честитката.

Тој им посака на сите граѓани празникот да го поминат во добро здравје, сплотеност и духовна исполнетост, споделувајќи радост со своите најблиски.

Share
Scroll to Top