Првата дама се вакцинираше против корона

Првата дама се вакцинираше против корона

пред 4 години

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, докторка Елизабета Ѓеоргиевска, која работи на Клиниката за стоматологија, се вакцинираше против коронавирусот. Заедно со нејзините колешки од одделението за детска и превентивна стоматологија таа ја прими вакцината, а сликите ги објави на социјалните мрежи.

„Вакцинирање против Ковид-19“ напиша таа, па освен честитки за 8 март, доби пораки за добро здравје и за неа и за нејзиниот сопруг, но и пофалби за работата на сите здравствени работници во времето на пандемија.

Доктор Елизабета работи на Клиниката за стоматологија и откако нејзиниот сопруг стана претседател. Во интервју за „Репортер“ таа ни откри дека не ги прекинала ни предавањата на Стоматолошкиот факултетот каде што е професор.

 

Share
Scroll to Top