Првачиња од Пробиштип денеска го посетија градоначалникот Тони Тоневски и имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со неговите секојдневни обврски.
Низ разговор приспособен на нивната возраст, децата дознаа како функционира Општината, како се носат одлуките и на кој начин тие влијаат врз животот на граѓаните.
Тоневски истакна дека нивната љубопитност, искрените прашања и желбата да споделат идеи се потсетник за одговорноста на локалната власт да создава подобри услови за најмладите жители.
„Нашите најмлади сограѓани заслужуваат да растат во безбедна, убава и развиена општина, а наша обврска е да создадеме услови токму за тоа“, порача градоначалникот.
На првачињата им посака успешен почеток на училишното патување, исполнето со нови знаења, пријателства и убави моменти.






