Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави на социјалните мрежи дека за првпат станала баба. Поранешната германска министерка за одбрана и мајка на седум деца, објави фотографија од неа со внуката и напиша дека ова за неа е волшебен момент.
„Горда баба“, напиша Урсула на фотографијата.
Таа не го откри името на детето ниту точниот датум. Принза само дека се работи за внука.
„Првпат во прегратка на внуката, еден од оние моменти кои ве потсетуваат на тоа што е важно во животот“, напишала таа.
Со сопругот, лекар и академик Хеик фон дер Лајен, таа има седум деца. Пред да го превземе кормилото на Европската комисија, таа водеше три разлини ресори во германската влада, одбрана, министерство за труд и семејство.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Возилата на БРАКО ќе го чистат Крит
Пиво на Светско во Катар ќе се пие во одредени периоди
(Видео) Брена направи џумбуш на свадба кај Саша Поповиќ
Двојка од Далас патувала 31 час до Англија за да го гледа Тотенхем, снегот го одложи мечот
(Видео) Обожавателка ја гаѓала Цеца, додека таа пеела на сцена
Новак е патетично разгалено дериште, вели британскиот новинар Пирс Морган