Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со децата ќе се селат од Лондон

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон со децата ќе се селат од Лондон

пред 2 години

Принцот Вилијам и неговата сопруга со Кејт Мидлтон и трите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и најмладиот принц Луис, ќе се селат од Лондон во новата куќа во Виндѕор.

dobivaj vesti na viber

Британските медиуми пренесуваат дека сè е подготвено за селидбата од Кенсингтонската палата во новиот дом надвор од Лондон. Ќе се преселат во четирисобна просторна куќа со голема градина. Познато е дека целиот имор се простира на повеќе од 2000 квадрати.

Причината за селидбата, како што откриле претходно е затоа што сакаат да бидат поблиску до кралицата Елизабета Втора, која одлучи Бакингемската палата да ја замени со нејзиниот дворец Виндѕор.

„Кралицата сака да има повеќе луѓе како Вилијам околу себе. Таа многу често е сама со персоналот и е воодушевена што сега Вилијам и Кејт со правнуците ќе бидат поблиску до неа. Тие ќе бидат на само 10 минути возење“, открива извор близок до кралското семејство.

За потсетување, принцот Џорџ и принцезата Шарлот на есен ќе почнат да одат во ново локално школо.

Share
Scroll to Top