Принцот Хари ненадејно ѝ се јави на Меган Маркл среде „MasterChef“ – реакциите поделени: „Преслатко“ или „наместено“?

Принцот Хари ненадејно ѝ се јави на Меган Маркл среде „MasterChef“ – реакциите поделени: „Преслатко“ или „наместено“?

пред 4 часа

Принцот Хари приреди неочекувано појавување во австралиското издание на „MasterChef“, откако преку видеоповик ѝ се јави на својата сопруга Меган Маркл токму додека таа учествуваше како гостин-судија во популарното кулинарско шоу.

Војводата од Сасекс се јави во студиото за време на неделната епизода, додека Меган и останатите судии ги дегустираа јадењата подготвени од натпреварувачите.

Член на продукцискиот тим ѝ пријде на Меган со телефонот и ѝ кажа дека има повик за неа. Во првиот момент 44-годишната поранешна актерка изгледала загрижено, но кога го видела Хари на екранот веднаш се насмевнала и го поздравила.

„Здраво, љубов моја!“, му рекла Меган.

Хари, пак, ги поздравил присутните со типичното австралиско „G’day“, што предизвикало смеа кај судиите Пох Линг Јеоу и Софија Левин.

„Мојот сопруг е тука“, им рекла Меган на присутните, покажувајќи го телефонот кон публиката.

Следувале извици и аплауз, а 41-годишниот Хари им мавтал преку екранот.

„Што се случува? Прекинав ли нешто важно?“, се пошегувал принцот.

Меган му објаснила дека во тој момент ги дегустираат јадењата на натпреварувачите, а потоа му ги покажала подготвените чинии и зборувала за јадењата што најмногу ѝ се допаднале.

Таа го запознала Хари и со дел од натпреварувачите, меѓу кои Арон Кер, Каспер Кенворти и Петро Папатомас.

„Неверојатно е. Толку се талентирани“, рекла воодушевено Меган.

Потоа му порачала: „Посакуваме да беше тука“.

Меган им објаснила на останатите дека Хари во тој момент се наоѓал во Канбера, каде што престојувал со ветерани.

„Продолжете и уживајте. Многу ми е жал што ве прекинав. Овде сè е во ред. Ќе се видиме подоцна“, рекол основачот на Invictus Games пред да го заврши повикот.

Неочекуваното вклучување на Хари веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Дел од гледачите го оценија моментот како искрен и симпатичен.

„Леле, овие двајца навистина се заљубени“, напиша еден корисник на X.

Друг коментираше дека Хари и Меган секогаш се трудат да се поддржуваат еден со друг и дека токму тоа е една од причините за успешноста на нивниот брак.

„Одличен момент! Тоа е прекрасен брак. Сите што беа присутни ќе го паметат ова засекогаш“, гласеше уште една реакција.

Но, не беа сите воодушевени. Дел од гледачите сметаат дека целата сцена била однапред договорена.

„Апсолутно непријатно“, напиша еден критичар.

Друг изрази сомнеж дека Хари случајно се јавил токму во моментот кога Меган снимала, додека други корисници коментираа дека сцената изгледала „лажно“ и „наместено“.

Меган гостувала како судија во „MasterChef Australia“ претходно оваа година, за време на посетата на Австралија со Хари.

Извор за Page Six изјавил дека Меган „одлично си поминала“ на снимањето и во работата со Пох и останатите судии.

Хари и Меган стапија во брак во 2018 година и имаат две деца – принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5). Засега не е познато дали и децата биле со нив за време на патувањето во Австралија.

Share
Scroll to Top