Голем број фанови и пријатели се загрижени за здравјето на популарниот актер Том Круз. Велат дека тој претерува со вежбите во теретана.
„Том сака да остане во топ форма за снимањето на „Невозможна мисија“ и постојано тренира во вежбалните. Претерува со стомачните, чучњевите, дигањето тегови“, велат негови пријатели, кои сметаат дека е престар за тоа и го молат да забави затоа што може сериозно да си наштети.
Том кој има 58 години, во изминатиот период најмногу го сврте вниманието кон себе за време на снимањето на „Невозможна мисија“, кога им викаше на дел од членовите на екипата, заради непочитувањето на мерките за коронавирусот и дека сериозно го загрозиле снимањето на филмот.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира





