Продажба на бубрег за „Ајфон 14“, клиника за убавина користи маркетинг трик кој ја вознемири јавноста

Продажба на бубрег за „Ајфон 14“, клиника за убавина користи маркетинг трик кој ја вознемири јавноста

пред 2 години

Клиника за убавина и разубавување во Лаос, „Dr. Nith Beauty Center“, објавила фотографија од тројца луѓе кои во рацете држат нови „Ајфон 14“ телефони, а од десната страна имаат фластери на кој се гледа крв.

Алузијата на вадењето бубрези за да добиете пари за купување на „Ајфон 14“ телефон и фотографија која ја вознемири јавноста.

Сликата е намерно монтирана и искористена како маркетинг трик т.е. само за да привлече внимание на клиниката која се рекламира.

Фотографјата во Тајланд ја погледнале најмногу луѓе, а  се проширила низ цел свет.

Трговијата со органи е забранета, а самата идеја вознемирувачка и лоша, па не е ниту јасно како воопшто властите не реагирале за да спречат нејзиното ширење.

Клиниката која ја направила фотографијата смета дека не направила ништо лошо и тврди дека не заговараат продажба на бубрези за пари ниту пак вадење бубрег за купување телефон.

Фотографија ја осуди и Црвениот крст којшто потсети на тоа дека истата испраќа непристојна порака која би можела да ги инспирира луѓето да преземат драстични мерки за да го добијат посакуваното парче технологија, особено во општествата кои не се богати, како што се Тајланд и Лаос.

Во споменатите земји „Ајфон“ е статусен симбол затоа што чини драстично повеќе отколку во другите делови од светот, над 1.500 фунти му е почетната цена, а просечната плата кај нив е околу 350 фунти.

Share
Scroll to Top