Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски ги покани граѓаните на заедничко следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој вечерва ќе се емитува на голем екран на плоштадот „Александрија“ – Камена бина.
Настанот е закажан за 21:00 часот, а како што посочи Проданоски, целта е љубителите на фудбалот да ја почувствуваат атмосферата на големите спортски натпревари и да навиваат заедно.
„Верувам дека спортот обединува, а најубавите моменти се оние што ги споделуваме заедно“, порача тој, повикувајќи ги граѓаните да бидат дел од заедничкото гледање и навивање.
Од Општина Прилеп велат дека ваквите настани придонесуваат за создавање позитивна атмосфера во градот и зближување на граѓаните преку спортот.






