Проданоски: Знаењето мора да се преточи во развој на локалната економија и јавниот сектор

Проданоски: Знаењето мора да се преточи во развој на локалната економија и јавниот сектор

пред 7 часа

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува значајна можност за размена на научни знаења, искуства и идеи, особено во време кога дигитализацијата сè повеќе ги менува економијата, бизнисот и институциите.

Според Проданоски, дигиталната трансформација на локално ниво може да придонесе за поефикасни услуги, поедноставени процедури и полесен пристап за граѓаните и компаниите.

„Но, зад секоја технологија мора да стои знаење. Затоа соработката меѓу академскиот сектор, бизнисот и институциите е особено важна“, посочува Проданоски.

На конференцијата учествуваат професори, истражувачи и претставници од повеќе земји, меѓу кои Македонија, Полска, Хрватска, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Косово и Турција.

Проданоски нагласува дека Општина Прилеп сака да ја продлабочува соработката со образовните институции, бизнис-секторот и младите, со цел научните знаења и идеи да најдат практична примена во локалната економија и јавниот сектор.

„Нашата задача е да создадеме простор во кој знаењето нема да остане само во научните трудови и дискусиите, туку ќе најде примена во локалната економија, јавниот сектор и во решавањето на конкретните предизвици со кои се соочува градот“, вели градоначалникот.

Тој упати благодарност до Економскиот факултет – Прилеп и до сите учесници кои придонесуваат Прилеп да биде место за средба на науката, бизнисот и практиката.

Share
Scroll to Top