Проданоски: Медиумската слобода е клуч за демократска иднина

Проданоски: Медиумската слобода е клуч за демократска иднина

пред 1 час

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, упати благодарност и поддршка до сите локални новинари и медиуми за нивната секојдневна работа и придонес во информирањето на јавноста.

Во својата порака, Проданоски истакна дека слободното и независно новинарство е темел на секоја демократска заедница, нагласувајќи ја значајната улога на локалните медиуми во пренесувањето на вистината и гласот на граѓаните.

„Локалните новинари носат голема одговорност – да обезбедат навремено, точно и објективно информирање, но и да бидат мост помеѓу институциите и граѓаните“, посочи тој.

Градоначалникот потенцираше дека отворената и конструктивна соработка со медиумите е клучна за градење доверба, додавајќи дека слободата на медиумите подразбира право на секој граѓанин да биде информиран, да поставува прашања и да добие одговор.

Воедно, тој нагласи дека Општина Прилеп ќе продолжи да негува транспарентна и одговорна комуникација со медиумите, обезбедувајќи еднаков пристап до информации за сите.

На крајот, Проданоски изрази благодарност до сите новинари и медиумски работници за нивната посветеност, професионалност и интегритет, повикувајќи на заедничка грижа за зачувување на слободата на медиумите како важен столб на демократијата.

Share
Scroll to Top