Проданоски: Прилеп во знакот на франкофонијата: младите донесоа празнична атмосфера и културно единство

Проданоски: Прилеп во знакот на франкофонијата: младите донесоа празнична атмосфера и културно единство

пред 5 часа

Во срцето на Прилеп денеска се одржа настан посветен на франкофонијата, кој донесе топлина, инспирација и вистинска празнична атмосфера, обединувајќи ги граѓаните преку јазикот, културата и заедништвото.

Настанот, под мотото „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“, беше вистински празник на францускиот јазик и култура, на кој младите покажаа завиден талент, енергија и креативност. Присутните имаа можност да уживаат во бројни изведби, креативни точки и настапи на учениците, кои со својата посветеност ја збогатија програмата.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, изрази благодарност до сите учесници, наставници и организатори за нивниот ангажман, како и до присутните граѓани кои придонесоа за успехот на настанот.


Посебна благодарност беше упатена до амбасадорот Кристоф Ле Риголер, претставниците на Францускиот институт, како и до училиштата од Битола и Кривогаштани за нивната поддршка и учество.

Од Општина Прилеп истакнуваат дека се горди што градот е дел од вакви иницијативи кои ги поврзуваат луѓето преку културни вредности и пријателство, нагласувајќи дека ќе продолжат со вложувања во младите и во проекти што промовираат заедништво и културна размена.

Share
Scroll to Top