Пропаднаа новогодишните тезги на Цеца, Чолиќ и на Дино Мерлин во Црна Гора

Пропаднаа новогодишните тезги на Цеца, Чолиќ и на Дино Мерлин во Црна Гора

пред 3 години

Новите поостри мерки во борбата со коронавирусот ги откажа  новогодишните настапи на плоштадите во Црна Гора, каде требаше да настапат пејачите Цеца Ражнатовиќ, Здравко Чолиќ и Дино Мерлин.

Спред пипувањата на српски „Телеграф џетсет“, Цеца била во преговори околу настапот на плоштадот во Тиват,  Здравко Чолиќ имал договорен настап на плоштадот во Котор, додека Дино Мерлин договорил да ја забавува публиката на плоштадот во Бар.

На овие настапи им се радувале и црногорските хотелиери, бидејќи сметале на голем број туристи кои токму поради овие ѕвезди ќе поитаат да ја дочекаат Новата година во овие градови.

Меѓутоа, новите мерки што ги објавила министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Боровиќ на последната прес-конференција разочараа многумина.

Поради страв од ширење на варијантата омикрон, Министерството за здравство не одобри јавни собири на отворено, што покрај обожавателите ги разочара и пејачите.

– За жал, ништо од новогодишниот концерт. Мерките се такви така што мислиме дека е тоа дефинитивно – изјавил за „Телеграф џетсет“ менаџерот на Здравко Чолиќ, Драган Ѓука.

Од ПР-службата на Дино Мерлин рекле дека се свесни дека шансите за одржување концертот се минимални.

– За жал, не можеме да ги менуваме законите во државата. Многу е веројатно дека нема да има концерт – изјавиле претставниците на медиумите на Мерлин.

– Цеца беше во преговори околу настапот во Тиват, а одлучувачкиот збор за концертот главно го даваат мерките – рекле од ПР-службата на фолк-пејачката.

Министерството за здравство го одобри работењето на кафулињата, дискотеките и хотелските објекти во текот на новогодишните празници со дигитален ковид-сертификат.

 

Share
Scroll to Top