Проја од тиквички и фета-сирење

Проја од тиквички и фета-сирење

пред 3 години

Состојки:

  • 140 гр пченкарно брашно
  • 140 гр пченично брашно
  • 300 гр тиквички
  • 250 гр фета-сирење
  • четири јајца
  • 150 мл јогурт
  • половина кесичка прашок за печиво
  • прстофат сода бикарбона
  • прстофат шеќер
  • 60 мл масло
  • 40 грама пармезан

Измешајте ги двата вида брашно и прашокот за печиво. Одделно изматете ги белките и солта, додајте шеќер и повторно промешајте. На крајот додајте ги и жолчките. Во друг сад измешајте ги јогуртот и маслото, додајте сода бикарбона и промешајте малку, а потоа соединете ја смесата со јајцата и додајте го фета-сирењето.

Полека додавајте го брашното, а потоа и исечканите и малку пржени тиквички. Истурете ја смесата во тава, која претходно сте ја премачкале со путер, потоа посипете ја со пармезан и оставете да се пече околу 45 минути на 180 степени.

Share
Scroll to Top