Пукал во свештеникот од одмазда, неверство бил мотивот за нападот во Лион

Пукал во свештеникот од одмазда, неверство бил мотивот за нападот во Лион

пред 4 години

Француската полиција го уапси осомничениот за минатонеделниот напад на православниот свештеник во Лион, чиј мотив, како што пишуваат медиумите, бил одмазда поради неверството на девојка му.

Осомничениот Георгиј П. (40) бил уапсен во неговиот дом во Лион, а сослушана е и неговата 35 годишна партнерка, која била од руска националност.

Според информациите на медиумот „Паризијен“, осомничениот принзал дека го направил нападот од одмазда поради неверство, наведувајќи дека неговата партнерка му била љубовница на свештеникот Никос Какавелакис. Тој објаснил дека немал намера да го убие свештеникот.

Овој напад се случил во моментот кога францускиот државен врв прогласи највисок степен на безбедносен ризик, минатиот четврток, поради трикратното убиство во катедралата во Ница, кој го извршија исламски екстремиси.

Нападот се случи во екот на максимална глобална тензија по повод карикатурата на пророкот Мухамед, кој го објави францускиот печат, нешто што го осудија бројни држави во кои мнозинството жители се муслимани.

Share
Scroll to Top