Радовиш добива нова винска традиција – за првпат се организира „Радовишки вински двор“

Радовиш добива нова винска традиција – за првпат се организира „Радовишки вински двор“

пред 2 часа

Општина Радовиш за првпат ќе биде домаќин на новата манифестација „Радовишки вински двор“, која ќе се одржи на 17 и 18 јули на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустација на македонски вина, богата гастрономска понуда, музичка програма и бројни изненадувања. Организаторите најавуваат два дена исполнети со добро вино, дружење и незаборавна атмосфера, со цел оваа манифестација да прерасне во нова традиција.

Музичката програма започнува во петок, 17 јули, со настапи на „Викторија бенд“, „Куку Леле“ и „Пауза за ракија“. Во сабота, 18 јули, публиката ќе ја забавуваат „Троја“ – трибјут бенд на „Рибља чорба“, „Суперхикс“ и DJ Сарлито.

Од Општина Радовиш ги покануваат граѓаните и гостите од целата држава да бидат дел од првото издание на „Радовишки вински двор“ и да уживаат во вистинско винско доживување, исполнето со квалитетно вино, музика и добро расположение.

Share
Scroll to Top