Ракописот може да открие до 5.000 лични карактеристики

Ракописот може да открие до 5.000 лични карактеристики

пред 3 години

Вашиот ракопис ја открива вашата личност. Дали знаевте дека вашиот ракопис и начинот на кој пишувате може да укаже на повеќе од 5.000 лични карактеристики? Големината на вашите букви и нивниот облик, просторот помеѓу зборовите и уште многу други работи можат да откријат многу за вас.

На пример, ако пишувате со заоблени букви, тоа може да значи дека сте креативни и склони кон уметност.

Додека ако пишувате со остри букви, тоа може да значи дека сте интензивни и љубопитни.

Анализата на раскописот (позната и како графологија) може дури и да се користи за откривање лаги и можни здравствени проблеми.

Ракописно толкување

Големината на вашите букви

Големи букви: Вие сте друштвени, ориентирани кон луѓето, отворени и сакате внимание. Може да значи и дека секогаш сте во центарот на вниманието и честопати се преправате пред другите дека сте полни со самодоверба.

Просечни букви: Вие сте флексибилни.

Мали букви: Вие сте срамежливи или повлечени, сакате да анализирате, концентрирани се и педантни.

Растојание помеѓу зборовите

Широк опсег: Уживате во слободата и не сакате да бидете оптоварени.

Тесен јаз: Не поднесувате да бидете сами. Имате тенденција да ги натрупувате луѓето и да бидете нападни.

Закосеност

Без закосеност: Не дозволувате емоциите да ве совладаат. Имате тенденција да бидете логични и практични.

Закосени надесно: Отворени сте за нови искуства и уживате во запознавање нови луѓе.

Закосени налево: Имате тенденција да чувате сè за себе и генерално сакате да работите зад сцената. Ако сте десничари и ракописот ви е навален налево, можеби на тој начин изразувате бунт.

Облик на зборот

Заоблени букви: Вие сте креативни и наклонети кон уметност.

Остри букви: Вие сте поагресивни, поинтензивни, многу интелигентни и љубопитни.

Поврзани букви: Вие сте логични, систематски и внимателно донесувате одлуки.

Притискање на хартијата додека пишувате

Голем притисок: Посветени сте и работите ги сфаќате сериозно. Ако притисокот е премногу голем, вие сте склони кон напнатост и можете брзо да изреагирате на критики.

Лесен притисок: Вие сте чувствителни и покажувате емпатија кон луѓето, но имате и недостаток на виталност.

Брзина на пишување

Ако брзо пишувате: Нетрпеливи сте, не сакате одложување или губење време.

Ако пишувате бавно: Вие сте поорганизирани, пометодични и понезависни.

Share
Scroll to Top